Со преведувачка дејност се бавиме веќе 10 години започнувајќи од 2011та година. Вршиме судски и стручен превод. Нашите вработени се професионалци во својата работа. Секогаш настојуваме да испорачаме превод со висок квалитет и испорака не подоцна од дадениот рок.
Наш императив е да создадеме што поголема база на задоволни клиенти, бидејќи само таквите може да станат наши редовни клиенти. Клиенти кои го ценат квалитетот, доверба и брзина на испорака.
право, економија, маркетинг, финансии, информатичката технологија, односите со јавност, адвертајзинг, инженерство, телекомуникаци, медицина, фармација, техниката, итн.
Нашите преведувачи се филолози, економисти, правници, информатичари, со долгогодишно искуство во преведувачката дејност.
Соработуваме со 160 компании кои се наши редовни клиенти. Бројот на нашите клиенти од ден на ден се зголемува.
Доверливи и професионални, само така би можел да ги опишам дечките од Ин Преводи. Најважно е што секогаш максимално го испочитуваат дадениот збор односно ветениот рок, бидејќи за мене е најважно да добијам превод на време.
Веќе неколку години користам преведувачки услуги од Ин Преводи и сум презадоволна од љубезноста и достапните цени.
Главната канцеларија се наоѓа во населба Центар во Скопје, додека другите две канцеларии се наоѓаат во населба Кисела Вода.